Лига на шампиони 2016 - Милано домаќин на финалето

Извршниот комитет на УЕФА ги одреди градовите и стадиони домаќини за финалните натпревари во сезоната 2015/2016. Финалето од Лигата на шампионите ќе се одигра во Милано на стадионот „Сан Сиро“.

Во 2001 година беше  одиграно финалето на овој стадион, кога Баерн ја победи Валенција.Финалето во Лига Европа ќе се игра на стадионот „Санкт Јакоб“ во Базел, Швајцарија. Во 2016 во норвешкиот град Трондхајм ќе се игра дуелот од Супер купот.

На овој натпревар играат победниците од Лигата на шампионите и Лига Европа. Оваа сезона финалните натпревари ќе се играат на „Олимпискиот стадион“ во Берлин 6 јуни 2015 година (Лига на шампиони) и на стадионот во Варшава на 27 мај 2015 година (Лига Европа).

19.09.2014 - 11:05


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега