Тројца скопјани зад решетки

 

Полицијата во Скопје во текот на вчерашниот ден приведе три лица кои се барале за издржување затворски казни. Во првиот случај се работи за 64-годишниот Крсте К. од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело “загрозување на безбедноста на сообраќајот, додека во вториот случај се работи за 28-годишниот Жарко Г. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година, за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. 

Исто така во текот на вчерашниот ден од слобода бил лишен и 44-годишниот Музафер Л. кој се барал за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Скопјаните се спореведени во затворот во Скопје.

19.09.2014 - 13:29


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега