Филмот „Деца на Сонцето“ ќе го затвори 35-то издание на „Браќа Манаки“

Македонскиот долгометражен филм „Деца на Сонцето“ по неодамнешната проекција во Кан, вечер во Битола ќе ја има својата македонска премиера и ќе го затвори 35-то издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Режисерот Антонио Митриќески на денешната прес-конференција во Битола, кому ова му е трет филм, посочи дека „Деца на Сонцето“ е снимен во Преспа, место кое визуелно не е доволно искористено.Во овој проект ме водеше фимскиот јазик на неореализимот, филмот неодамна беше прифатен од публиката во Кан, продаден е на американски дистрибутер, а е поканет на фестивал во Лондон, САД, Канада и во Азија, истакна Митриќески.Насловот на филмот „Деца на Сонцето“ е инспириран од Сонцето како извор на енергија.Сите ние сме нечии деца. Сонцето ни дава љубов, ни дава топлина. И, луѓето, несебично како сонцето треба да даваат љубов, разбирање... Мислам дека овој наслов најмногу одговараше бидејќи луѓето не треба да даваат за да бараат нешто за возврат, да знаат да простуваат. Сонцето е како и цветот на цвеќињата, даваат мирис без да бараат ништо за возврат, појасни режисерот Митриќески.Во филмот „Деца на Сонцето“ настапуваат актери од сите генерации, доајените Милица Стојановска и Мето Јовановски, потоа Билјана Танески, но и млади неафирмирани актери за кои како што рече Митриќески, ја исполниле неговата желба да бидат успешни дебитанти.Од прес-центарот на ИФФК „Браќа Манаки“-Битола, продуцентот на филмот „Деца на Сонцето“ Дејан Милошевски потврди дека нивната продуцентска куќа ги исплатила сите трошоци кон сите лица што учествувале во подготовката и реализацијата на филмот и најави дека со режисерот Митриќески почнале нов проект, филмот „Цар Самоил“ кој ќе се снима во соработка со три копродукциски куќи од Србија, Канада и од Македонија.

19.09.2014 - 12:33


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега