УЈП стави катанец на 11 златари во Куманово

СВР Куманово заедно со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат завчера спроведе акциска контрола во 25 златарски дуќани лоцирани во централното подрачје на Куманово.

Притоа поради констатирани неправилности во работењето по однос на неиздавање фискални сметки, немање на соодветни документи за работа, небаждарени ваги и други неправилности пд страна на УЈП затворени се 11 објекти во траење од 15 до 30 дена. МВР денеска соопшти дека се изречени и глоби во износ од 15.700 евра, додека од страна на ДПИ изречени се глоби во вкупен износ од 4.600 евра.

Од страна на полициските службеници во два објекти се пронајдени златни предмети кои потекнуваат од кражби и истите се одземени од сопствениците. 

19.09.2014 - 14:11


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега