На УЈИЕ ќе се доделат 30 милиони денари

Триесет милиони денари ќе му бидат доделени на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово од буџетот на Министерството за образование и наука наменето за поддршка на високото образование за 2015 та година.

Ова го изјави министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми по денешната посета и средба со ректорот Замир Дика, како и со Бордот и Сенатот на УЈИЕ.

- Овој универзитет што е помеѓу најдобрите високообразовни институции во земјава и негова карактеристика е дека функционира на принципот на јавно-приватна установа. Нашата цел е универзитетот да биде третиран како останатите јавни универзитети во државата и затоа со почетокот од 2015-та година од страна на Владата и министерството на УЈИЕ ќе му бидат доделени 30 милиони денари за што ја сметам дека ќе бидат правилно искористени од страна на раководството, со што ќе се отворат и можности овој износ да се зголемува. Со ова го признаваме придонесот на меѓународната заедница во основањето и финасирањето на УЈИЕ како и заложбите на поранешното и сегашното раководство и академскиот кадар за унапредување на високото образование, изјави министерот Адеми.

Ректорот на УЈИЕ Замир Дика посочи дека оваа високошколска институција постои од 2001-та година со финасиска помош од ЕУ и САД во висина од околу 35 милиони евра и оти средствата од државата ќе бидат искористени за продолжување на мисијата на универзитетот.

- Со меѓународна помош беше изграден ултрамодерен кампус како модел за високото образование во Македонија и регионот со отворен став за почитување на мултикултурната и јазичната реалност во Македонија, унапредување на високотообразование на албански јазик и примена на највисоките меѓународни стандарди. Поддршката од државата е знак дека се цени нашето работење и визија за подршка на кавлитетот на високото образование и подигањето на стандардите и се надевам дека ние ќе дадеме и наш придонес како дел и фактор за оптимизација на високото образование во Македонија, рече ректорот Дика. 

19.09.2014 - 14:14
Фото: 
а1.он


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега