Пример за сите: 71-годишна кичевчанка стана бруцош

Елена Божиновска со своите 71 години докажа дека кога се сака се се може и никогаш не е доцна за ништо во животот. Како што јавува Канал 5, 71-годишната кичевчанка е највозрасниот бруцош во Македонија за оваа академска година. 

Пред да се пензионира, Елена важела за еден од најстрогите судии во Основниот Суд во Кичево. На 27 години дипломирала на Правниот факултет во Скопје. Таа сега се одлучила да стане технолог-нутриционист и верува дека со труд навреме ќе ги исчисти сите 14 испити. 

Останатите студенти и професорите од факултетот во Кичево се гордеат со кичевчанката и веруваат во нејзината амбициозност.

Елена од своите колеги очекува помош и соработка.

19.09.2014 - 14:43
Фото: 
канал5


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега