Катарина Ивановска прозборе за врската со Столе Стоилов

"Верувам дека љубовта е основа на се во животот. Сум била многу пати вљубена и сега сум вљубена и секогаш ќе бидам. Би излажала кога би кажала дека физичкиот изглед не ми е важен, но тоа е само првиот впечаток и ако остане само на тоа, тогаш врската од почеток е осудена на пропаст", вели за Вечер манекенката со светска кариера, Катарина Ивановска.

Пред извесно време ја основаше својата хуманитарна фондација, а деновиве ја промовираше и модната линија "Парго". За каква модна линија станува збор?

Катарина: "Парго" е бренд наменет за урбани, шик, модерни девојки и жени. Моите модели се во тек со најновите модни трендови и се единствени, затоа што има повеќе различни модели и принтови, но сепак, најважно од се е што оваа колекција маици се исклучително удобни

До пред извесен период се зборуваше за твојата врска со ракометарот Столе Стоилов. Никогаш не ја потврди ниту ја демантираше таа вест. Во какви односи сте сега?

Катарина: Столе отсекогаш бил мој драг пријател.

На какви мажи паѓа една од најубавите жени во нашата земја. Со што може да те освои некој?

Катарина: Верувам дека љубовта е основа на се во животот. Сум била многу пати вљубена и сега сум вљубена и секогаш ќе бидам. Би излажала кога би кажала дека физичкиот изглед не ми е важен, но тоа е само првиот впечаток и ако остане само на тоа, тогаш врската од почеток ни е осудена на пропаст. Сакам мажи кои се искрени, со добра смисла за хумор и секако, маж кој безрезервно ќе ме поддржува во она што го работам, ќе верува во мене и во моите фантазии.

Што мислиш за изборите на мис кои последниве неколку години се организираат кај нас. Мисиците честопати се критикувани. Им недостасува ли нешто на ваквите избори?

Катарина: Немам никакво мислење, затоа што не ги следам изборите за убавина кај нас.

Целото интервју прочитајте го на Вечер

19.09.2014 - 15:07


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега