"Сан Сиро" следната сезона ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампиони

Финалето на Лигата на шампиони во сезоната 2015/2016 ќе се игра на стадионот на Милан и Интер. Ова ќе биде четврти пат финалето да се игра на овој стадион, по 1965-та, 1970-та и 2001.година.

„Санкт Јакоб“ во Базел, Швајцарија е избран за домаќин на финалето во Лига Европа

Дуелот од Супер купот во 2016 година ќе се игра во норвешкиот град Трондхајм. На овој натпревар играат победниците од Лигата на шампионите и Лига Европа. 

Инаку, финалето во ЛШ оваа сезона ќе се игра во Берлин, додека финалето во Лига Европа во Варшава.

19.09.2014 - 15:27


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега