Попоски се сретна со британскиот дипломат Овен Џенкинс

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со директорот за Западен Балкан и проширување во британското МНР, Овен Џенкинс.

На средбата министерот Попоски истакнал дека остварувањето на европската и евро-атлантската интеграција, како и реформската агенда остануваат главни приоритети на  Република Македонија.

Како што соопшти кабинетот на Попоски, двајцата соговорници размениле мислења и за внатрешно политичките состојби во земјата, како и за придонесот на Република Македонија во унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка.

Британскиот дипломат ја потврди принципиелната поддршка на Обединетото Кралство за интегративните процеси на Република Македонија во Европската унија и НАТО Алијансата, вклучително и со продолжување на билатералната соработка.

19.09.2014 - 15:56


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега