Препораки до граѓаните за заштита од жолтица

Од ЈЗУ Центарот за јавно здравје во Велес апелираат да се пие вода од градскиот водовод, а не од другите чешми каде водата не е хлорирана, со цел да се заштити населението од заболување од жолтица.

На денешната прес-конференција епидемиологот прим. д-р Билјана Трајкова информира дека во последните петнаесет години со текот на времето појавата на жолтица во градот се намалува.

Оваа година од први јануари до денес од жолтица заболеле осум лица. Трајкова смета дека тоа не е загрижувачка бројка за Велес, но сепак може да се очекува бројот да се зголеми во текот на наредните месеци, со оглед на тоа што во текот на есента се зголемува бројката на заболени од жолтица.

Д-р Ефтим Димитриев ја информира јавноста дека Советувалиштето за одвикнување од пушење, кое од неодамна работи во склоп на Центарот за јавно здравје, во изминатиот период го посетиле 75 здравствени работници. Димитриев ги повика заинтересираните граѓани да се пријават и да го посетуваат советувалиштето.

19.09.2014 - 15:40


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега