Трајко Вељановски се сретна со Овен Џенкинс

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски оствари средба со директорот на Канцеларијата за надворешни прашања и прашања од Комонвелтот задолжен за Западен Балкан, Овен Џенкинс.

На средбата, соопшти денеска Кабинетот на Вељаноски, присуствувал и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и северна Ирска во Република Македонија, Чарлс Гарет.

Претседателот Вељаноски ја потенцирал аспирацијата на Република Македонија кон европските интеграции притоа искажувајќи дека со интегрирањето на Западниот Балкан, Европа ја добива својата целосна слика. Била потенцирана и извонредната соработка со амбасадата на Велика Британија, како и соработката со Вестминстер фондацијата од што се произлезени одлични проекти.

Џенкинс искажал благодарност за остварената средба и истакнал дека Западниот Балкан е приоритет за Велика Британија за која активно се заложува.

На средбата било разговарано за актуелните прашања, добрата соработка и пријателските односи за кои се прават заложби да продолжат во позитивна насока. 

19.09.2014 - 18:21


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега