"Звуците на чаршијата" по шести пат во Скопје

Традиционално, по 6-ти пат и годинава од 22 до 26 септември ќе се одржи интернационалната, мултикултурна, мултиетничка манифестација „Звуци на Чаршијата“ на локација - Стара чаршија во Скопје. На истата ќе биде презентирана богата културно - уметничка и забавна програма - изложби, музика, концерти на рок групи, фолклорни друштва и други учесници од различни националности и етнички групи од Македонија и странство.

Целта на истата е оживување на оваа прекрасна локација од градот и меѓусебно запознавање  на различни  народи,  националности и етнички групи. Богатство е да се живее во мултиетничка држава со различни култури и обичаи. Колку повеќе се запознаваме, сите ние, со различните култури и обичаи, побогати сме и потолерантни едни кон други.

Интересот кај публиката за оваа манифестација од година на година расте се повеќе, што збори за оправданоста и потребата таа и во иднина традиционално да се одржува.

19.09.2014 - 18:37


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега