Големо апсење во Скопје - паѓаат крупни "риби"

Големо апсење било спроведено попладнево во македонската царина.

Според неофицијани информации уапсени се неколку лици меѓу кои и раководители на царински испостави.

Уапсени се и две лица кои биле надворешни соработници на групата.

Се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластувањата и прикривање.

Според првичните информации тие за себе присвојувале предмети од привремено одземената стока на скопскиот аеродром или ја заменувале со неоригинална.

Штетата достигнала десетици илјади евра. 

Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.

 

19.09.2014 - 19:52


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега