„Подготвување јуфки на традиционален начин“ во Мариово

Во Мариово денеска ќе се одржи манифестацијата „Подготвување јуфки на традиционален начин” во организација на Федерацијата на фармери.

Настанот се организира во рамки на проектот „Почувствувај го здравиот рурален живот”, финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка со Албанија 2007-2013, што го спроведува ФФРМ како водечки партнер и Албанскиот земјоделски совет.

Пред присутните ќе  биде презентиран традиционалниот начин на подготовка на јуфките кој се негува во нашата домашна кујна, пред се во руралните средини, соопшти ФФРМ.

Оваа манифестација се организира по трет пат.

Со овој проектот ќе се  придонесе да се подобри социо-економскиот статус и благосостојбата на руралното население во пограничниот регион.

20.09.2014 - 10:29


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега