Бордо прв на табелата во Француското фудбалско првенство

Фудбалскиот клуб Бордо по синоќешната победа над Евиан со 2:1 се најде на водечкото место на табелата во Француското фудбалско првенство.

Головите за домашниот тим ги постигнаа Диего Ролан во 19. и Вахби Казри во 56.минута, а поразот на Евиан го ублажи Теједа Валверде на пет минути пред крајот на натпреварот.

 Ова беше првиот дуел од 6.коло од кое денеска на програмата се пет средби: Олимпик Марсеј – Рен, Лориен – Ремс, Мец – Бастиа, Нант – Ница и Тулуз – Каен.
 
Утре играат: Лил – Монпеље, Ленс – Сент Етиен, Монако – Генгамп и ПСЖ – Олимпик Лион.
 
Табела: Бордо 13 бодови, Лил 11, Олимпик Марсеј 10, Сент Етиен 10, ПСЖ 9, Монпеље 9,...

 

20.09.2014 - 10:22


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега