Успешна хормонска терапија за деца со нарушен раст, Христина порасна за 6 сантиметри

Христина има веќе седум и пол години, оди во второ одделение, но се чини дека и клупата во училиштето е повисока од неа зашто таа сега има само 92 сантиметра и е едно од 100-те деца во земјата со нарушен раст, пренесува Дневник.

Благодарение на хормонската терапија што ја прима, Христина од лани пораснала за шест сантиметри - од 86 на 92. Слично напредуваат и другите деца, кои вчера заедно со здружението на родителите на децата со ендокринолошки заболувања „Раст“, лекарите од Институтот во Kозле и надлежните од Фондот за здравство со низа активности првпат во земјата го одбележаа Светскиот ден на нарушувања во растот - 19 септември. 

Како што известуваат од Дневник, мајката на Христина е среќна што ќерка и почнала правилно да се развива и што успеала малку да порасне. 

-Ваквата здравствена состојба не треба да се крие зашто раното откривање е клучно во третманот на децата со нарушувања на растот. Имаме дечиња што навистина не го кријат тоа, но, за жал, и родители што не сакаат, дури ни нивното потесно семејство да знае што се случува. Голем дел од членовите на семејството е ангажиран за едно детенце да се мотивира, а особено во почетната доза кај помалите дечиња со оглед дека треба да се убедат за боцкање секоја вечер пред спиење - рече Александар Петровски, претседател на здружението „Раст“ за Дневник.

Маја Парнаџиева-Змејкова, директорка на Фондот за здравство, вели дека благодарение на ова здружение, родителите што зборуваат отворено и институциите, се овозможува постепено интегрирање на дечињата и остварување на нивните прав.

20.09.2014 - 12:32


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега