Патрис Евра ќе заигра за Милан

Фудбалерот на Јувентус Патрис Евра, изјави оти шампионот на Италија е фаворит во дерби натпреварот против ривалите од Милано.

„Предноста на Милан е што настапува дома, како и да е, Јувентус е фаворит и најдобар состав во домашното првенство.

Ќе биде одлично, во Торино сум поради ова“, вели фудбалскиот интернационалец од Франција. 

Искусниот одбранбен фудбалер се пресели од Манчестер Јунајтед во редовите на  Јувентус. 

Масимилијано Алегри кој беше тренер на Милан и во 2011-та година го освои првенствениот наслов, го предводи најтрофејниот италијански клуб.

На клупата на тимот од Градот на модата седи Филипо Инзаги, кој настапувал и за Јувентус.

По две рунди, Јуве, Милан и Рома се на првото место со по шест бодови на своето конто.

 

 

20.09.2014 - 12:41


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега