Двајца Албанци без документи престојувале во Македонија

Во Тетово вчера од страна на полициски службеници приведени се албанските државјани 20- годишниот С.Г. и 24- годишниот С.К  кои немале документи за идентификација. 

Поради нерегулиран престој во Македонија, тие се задржани во СВР-Тетово по што им е изречена мерка „протерување на странец со забрана за влез во Р.Македонија“. Во текот на денот, албанските државјани преку граничниот премин Блато ќе бидат депортирани во Албанија.

20.09.2014 - 14:13


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа