Херта избегна пораз со гол во 96.минута

Oткако Бразилецот Рони во шестата минута од судиското надополнување успеа да го изедначи резултатот на 2:2,  Херта се спаси од пораз на гостувањето кај Фрајбург.

Претходно Рони погоди и во 36.минута, а стрелци на головите за домашниот тим беа Марк-Оливер Кемп (30) и Феликс Клаус (79).

Шест натпревари од 4.коло во Бундес лигата се играат денеска.

Двојките се: Шалке – Ајнтрахт Франкфурт, Аугсбург – Вердер Бремен, Штутгарт – Хофенхајм, Хамбургер – Баерн Минхен, Падерборн – Хановер и Мајнц – Борусија Дортмунд.
 
Утре колото ќе го комплетираат Волфсбург – Баер Леверкузен и Келн – Борусија Менхенгладбах.
 
Табела: Баер Леверкузен 7 бодови, Баерн Минхен 7, Хановер 7, Борусија Дортмунд 6,...

20.09.2014 - 15:35


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега