Што ќе се случува со времето утре?

 Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно. Претпладне со повеќе сончеви периоди, попладне со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во источните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 24 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Утре и во понеделник во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

Во вторник ќе настапи значително заладување со засилен северен ветер. Во претпладневните часови во вторник ќе има врнежи од дожд, наместа ќе бидат пообилни. Поголемо спуштање на температурата ќе се почувствува во вторник за околу седум до осум степени, а особено посвежо ќе биде во среда кога температурата ќе се спушти до пет степени. 

20.09.2014 - 15:50


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега