Големо апсење: Падна шефот на македонската Царина

Цариници краделе запленета роба од магацинот на аеродромот во Петровец.

Мобилни телефони, техника, златен накит, скапи парфеми, часовници, патики, облека,  цариниците ќариле над 1,5 милиони денари.

Две години ја злоупотребувале  функцијата и од  царинскиот сеф земале вредни предмети кои потоа ги користеле за себе а дел ги продавале по мобиларите и на интернет порталите за малопродажба.

Си  препродавале и меѓу себе, ги менувале за пари а за дел од нив враќале во сефот кинески копии кои се речиси идентични на украдените.

Меѓу пријавените е и шеф на царинската испостава.  

Голем дел од предметите се најдени кај лица кои тврделе дека ги купиле преку оглас на интернет . На шесте осомничени им се одземени патните исправи, Јавниот обвинител треба да одлучи дали ќе бидат задржани во притвор

20.09.2014 - 21:40


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега