ФОТО: Роби Телекабел заглави во затвор поради девојка

Основачот на кабелскиот оператор Роби, Роберт Димитров, е во затвор. Од 05.09.2014 е на извршување на казна затвор шест месеци за инцидентот, кој го предизвика пред две години со напад врз синот на сопственикот на компнијата Нико Петрол, пренесува Канал 77.

Во друштво на повредениот Николов бил и синот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

Канал 77 пренесува дека настанот е од 17-ти март 2012 година, кога Димитров го нападна штипјанецот Мишко Николов, син на сопственикот на компанијата „Нико петрол“. Инцидентот се случил во штипски мотел, каде Мишко Николов ја одвел поранешна девојка на Димитров.

-Димитров тогаш заедно со неговиот телохранител влегол во собата за да ја земе девојката, по што настанала расправија и тепачка. Кога Димитров заедно со девојката излегувал од мотелот, патот му го попречил друг пријател на повредениот, кој исто така од осудениот добил силен удар во главата, по што паднал на земја. Со тешки повреди на главата, момчето беше пренесено во штипската болница. Со повреда на носот во болница заврши и Мишко Николов, пишува Канал 77.

Роберт Димитров е во затвор за кривичното дело „насилство“, откако ги поминал сите судски инстанци. Имаше шпекулации дека се обидел да се спогоди со семејството на повредениот Мишко Николов, со цел да го избегне затворот.

Мите Николов, таткото на повредениот Мишко, денеска негираше дека со Димитров воопшто разговарале за такво нешто, дури како што рече, го нема видено од инцидентот.

Роберт Димитров пред неколку години беше посочен како нарачател на физичкиот напад врз соптвеникот на Канал 77, Горан Гаврилов. Димитров, Судот го ослободи од обвинението поради недостаток на докази.

20.09.2014 - 21:55


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега