Ивановски на состанок на Комисијата за широкопојасен интернет во Њујорк

Министерот  Иво Ивановски ќе учествува на состанокот на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој што денеска ќе се одржи во Њујорк.

На средбата која се одржува на почетокот на 69-то Генерално собрание на Обединетите нации, ќе се нагласи важноста и значењето од развојот и распространувањето на широкопојасниот интернет. Учесниците ќе водат отворени дискусии за некои од најголемите предизвици со кои се соочуваат индустријата и регулаторните субјекти, како што се инвестициите во инфраструктурата и балансирање на очекувањата на операторите и давателите на услуги.

Состанокот на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој ќе го отворат претседателот на комисијата, Карлос Слим и претседателот на Руанда, Пол Кагаме.

Министерот Ивановски во Њујорк ќе оствари контакти и разговори со влијателни луѓе од светот на информациско-телекомуникациските технологии, при што ќе ги сподели искуствата и достигнувањата на Република Македонија во ИКТ областа.

21.09.2014 - 10:26


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега