Полска и Бразил во финалето на одбојкарскиот мундијал

Во финалето на Светското првенство во одбојка ќе играат Бразил и домаќинот Полска, откако двете репрезентации беа поуспешни од своите ривали во полуфиналните мечеви.

Бразил во драматичен и неизвесен меч ја победи Франција со 3-2. 

По убедливите 25:18 во првиот сет за „кариоките“, Французите го добија вториот сет со 25:23. Со истиот резултат Бразил поведе со 2-1 добивајќи го третиот сет. Франција повторно изедначи по 25:22 во четвртиот сет.

Решавачкиот петти сет му припадна на актуелниот светски првак со 15:12.

Во второто полуфинале синоќа Полска со 3-1 беше поуспешна од Германија. По сетови 26:24, 28:26, 23:25 и 25:21.

 
Финалето ќе се игра вечерва од  20 часот и 25 минути, а претходно, од 16 часот и 40 минути е натпреварот за третото место меѓу Франција и Германија.

 

 

21.09.2014 - 10:19


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега