Робен ветува - Баер Минхен ќе брои успеси

Ариен Робен еден од најдобрите фудбалери во редовите на Баварците, е презадоволен од изданијата на шампионот на Германија.

Холандскиот фудбалски репрезентативец изјави дека е можно Баерн Минхен да биде и поуспешен од досега.

Составот на Робен тргна со 1:0 победа во Лигата на шампионите, против ривалите од Манчестер Сити.

Токму ова го радува и го мотивира одличниот Холанѓанец, кој ветува бројни успеси за навивачите.

„Можеме да бидеме и подобри. Потребно е да се работи вредно и ќе бидеме на победнички пат. Пред се, важно е да ги искористиме нашите квалитети“, вели Робен за официјалната интернет-страница на клубот.

Баварците на „Алијанц“ се израдуваа благодарение на погодокот на Жером Боатенг.

Бундеслилгашот ќе се обиде да ја одбрани и шампионската титула во домашното првенство, за која што на 45 дуели Робен постигна 21 погодок.

 

 

21.09.2014 - 12:41


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега