Крадците не мируваат - тетовчанец остана без своите пари и телефон

Крадците не запираат, уште една кражба во Тетово.  На ул.„Видео Смилевски Бато“ вчера во близина на маркет „Веро“, вчера од страна на две лица (машко и женско) било извршено разбојништво над 51- годишниот Ф.Н. од Тетово. За време на кражбата му се одземени 3500 денари, 260 евра и мобилен телефон. 

Истиот додека го паркирал своето возило бил пресретнат од женското лице, додека машкото му пришло од позади и го удрило со тврд предмет во пределот на тилот.

Откако паднал од џебот му ги одзеле наведените предмети, по што се дале во бегство.

Ф.Н. од ударот се здобил со ТП – оток и расекотина на главата. Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот.

21.09.2014 - 12:54


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега