Крвава тепачка во Влае - неколку тешко повредени

Групна тепачка имало вчера во Порта Влае во Скопје.  Од страна на Итна помош во болница пренесени биле: Б.С., кај кој од страна на доктор е констатирана тешка телесна повреда (фрактура на нос) и Е.И. кој се здобил со фрактура на рака.

Додека Г.С. се здобил со тешка повреда при нападот со нож во пределот на десната натколеница.

Во Ургентен Центар пренесен бил Д.В. кај кој од страна на доктор констатирани се тешки телесни повреди (фрактура на десна слепоочница).

Полициската станица -Карпош презема мерки за расчистување на случајот.

21.09.2014 - 13:06


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега