Српската тенисерка го освои турнирот во Токио

Српската тенисерка Ана Ивановиќ е победничка на ВТА турнирот во главниот јапонски град Токио.

Таа утринава во финалето ја победи Каролине Вознијацки од Данска со 2-0.

Во меч што траеше еден час и 40 минути Србинката лесно го доби првиот сет препуштајќи и на противничката само два гема (6:2). Многу понеизвесно беше во вториот сет кој беше решен преку тај-брјек (7:2) за конечен триумф.

 
За Ивановиќ победата на турнирот игран за награден фонд од еден милион долари е вкупно 52. годинава со што е соборен нејзиниот личен рекорд од 2007 година кога забележала 51 добиен меч.
 
Воедно, за Србинката трофејот од Токио е четвртата титула сезонава и 15. во кариерата.

21.09.2014 - 13:01


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега