Во Прилеп пронајдена рачна бомба, а во Струмица артилериски проектил

Во населбата Тризла во Прилеп на муслиманските гробишта, вчера, при копање нов гроб, С.Ј. (1973) пронашол неексплодирана рачна бомба. 

С.Ј. го пријавил случајот по што пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал бомбата од местото.

Стар неексплодиран артилериски проектил со оштетена запалка, пак, вчера е пронајден во село Ново Коњарево, Струмица, при рушење на стара куќа, сопственост на С.Ѓ..

За случајот е информиран пиротехничар од Центарот за управување со кризи. 

21.09.2014 - 13:57


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега