Реал Мадрид за пола милијарда евра го менува името на стадионот

Актуелниот европски фудбалски шампион Реал Мадрид ќе се обиде барем дел од долгот кој изнесува 602 милиони евра да го врати со промена на името на неговиот стадион. Како што јавува „Марка“ мадридскиот великан би можел да заработи 500 милиони евра со промена на името на „Сантијаго Бернабеу“ во „Абу Даби“.
 
Оваа сума Реал би ја инкасирал до 2034 година или годишно по 25 милиони евра.
 
Евентуално реализирање на оваа соработка би значело најголем спонзорски договор во историјата на клубот.
 
Шпанскиот весник пренесува дека раководството на Реал веќе се согласило за промена на името на стадионот и се чека официјализирање на соработката со Меѓународната нафтена инвестициска компанија (ИПИЦ) која е во сопственост на емиратите од Абу Даби.
 
Од големите европски фудбалски клубови имињата на своите стадиони со спонзори од арапски компании веќе ги променија Арсенал („Емирати“) и Манчестер Сити 

21.09.2014 - 14:23


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега