„Засади дрво за мир 2014“

Македонија ќе се приклучи кон интернационалната акција „Засади дрво за мир 2014“ што се спроведува по повод 21 септември, Светскиот ден на мирот, а во која се вклучени повеќе од 5.000 училишта од 120 земји од светот.

Во Македонија оваа акција, како што е предложено во кампањата ќе се спроведе денеска, а ќе ја одбележат 50 училишта и градинки, со што голем број ученици и деца ќе поминат еден ден во природа и ќе научат многу од и за дрвјата.

Акцијата на садење на дрвја за создавање на одржлива иднина во светски рамки по десетти пат ја спроведува Интернационалната програма „Учење за шумите“ на Фоднацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) и Програмата ЕНО, додека во Македонија се реализира преку Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

22.09.2014 - 09:00


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега