Венизелос и Бан Ки Мун разговарале за името

Прашањето за името била една од темите на вчерашниот состанок меѓу грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос и генералниот секретар на ОН Бан  Ки Мун, во Њујорк.

- Нашиот став е многу јасен. Националната позиција е во корист на сложено име со географска одредница, но над се, за внатрешна и надворешна употреба, ерга омнес, изјави Венизелос по средбата.

Тој потсети дека пред неколку недели се сретна со медијаторот Метју Нимиц во Атина и додаде дека Грција е „подготвена да учествува во наредните состаноци“ и го поддржува процесот.

- Ние направивме многу чекори, креативни, рече шефот на грчката дипломатија и додаде дека „се очекува другата страна да направи соодветни чекори со добра волја и продуктивно“.

22.09.2014 - 09:14


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега