Пратениците со полни раце работа

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за финансирање и буџет, за економски прашања, и за земјоделство, шумарство и водостопанство.    

Единствена точка на дневниот ред на седницата на Комисијата за образование, наука и спорт финансирање и буџет е Предлог-законот за изменување на Законот за образование на возрасните, во второ читање.

Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледа предлог законите за задолжителни нафтени резерви, за дополнување на Законот за продажба на становите во општествена сопственост, и за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, трите во второ читање.

На дневниот ред на Комисијата за економски прашања е   Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство во второ читање, додека Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа за   предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за нуспроизводи од животинско потекло, и за заштита и благосостојба на животните, и двата во второ читање.

22.09.2014 - 09:50


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега