„Како Пандев има многу играчи - непотребно трошите пари“

Галатасарај бележи лоши резултати во новата сезона, а од три одиграни кола има освоено само четири бода.

Ова е премалку за клуб кој е со амбиции како што е Галатасарај и екипа која важи за гигант во турскиот фудбал. Освен во првенството, на турскиот тим не му оди ниту во ЛШ, каде во првиот меч на домашен терен одигра само 1:1 против Андерлехт.

Први кои се најдоа на удар се тренерот Чезаре Прандели, но и македонскиот интернационалец Горан Пандев.

-Ефектот на Горан Пандев е слаб на почетокот на сезоната. Тука секако може да му се забележи на тренерот Прандели, бидејќи Македонецот предоцна стигна во клубот, иако имаше цело лето за реализација на трансферот, пишува весникот „Хуриет“.

-Како Пандев има многу турски играчи и Галатасарај непотребно потроши пари за да го ангажира македонскиот фудбалер, коментира поранешниот турски репрезентативец Умит Каран.

Сепак, факт е дека Горан Пандев доцна стигна во клубот и се уште не е адаптиран на новата средина и факт е дека во домашното првенство настапи на два меча и тоа од клупата за резервни фудбалери, играјќи ги последните минути, што секако не е доволно да се покаже целосниот потенцијал.

22.09.2014 - 11:26


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега