Прилепски херој: Спасил мајка и бебе во количка

Се фрлил врз камионско тркало и спасил мајка со дете. 45 годишниот Борис Солевски од Прилеп е вистински херој откако во  саботата вечерта, движејќи се по улицата 11 октомври во Прилеп заблежал дека од еден камион кој пренесувал огревно дрво се откачило едното тркало и со огромна брзина се упатило кон него, пишува Плусинфо.
Тој успеал да го избегне тркалото но забелеажл дека тоа со голема брзина се движи кон мајка со дете во бебешка количка.
Борис не размислувал многу. Веднаш скокнал врз тркалото кое силно го удрило во брадата и во градите, но му го сменил правецот и ги спасил мајкатата и детето.

 „Ударот беше страотен! Човекот летна речиси два метри во воздух,  мислевме дека му е повреден рбетот и дека ќе остане неподвижен. Крвареше од брадата, а вратот веднаш му потече. Повикавме амбуланта
- Да не беше неговата реакција, детето и жената сигурно ќе настрадаа. Алал да му е“ - вели очевидец за Плусинфо.

Борис итно е префрлен во болница каде му биле констатирани полесни повреди.
Тој вели дека делувал инситктивно, како што би направил секој човек во таква ситуација

22.09.2014 - 11:35
Фото: 
Плусинфо


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега