„ Бабо дадов гол“ - го прослави голот и доби жолт картон

 

Алесандро Флоренци Фудбалерот на Рома заработи жолт картон бидејќи голот го прослави со неговата баба која беше на трибините на „Олимпико“.

Рома го совлада Каљари со 2:0, а стрелецот на вториот гол Алесандро Флоренци ќе го памети овој меч долго време.

Имено, тој во 13-тата минута го постигна голот за 2:0, а потоа отрча на трибините и погодокот го прослави во прегратка со неговата баба.

Иако овој негов потег разнежни многумина, сепак судијата остана рамнодушен и му покажа жолт картон.

По мечот Флоренци изјави дека морал на тој начин да го прослави голот, бидејќи токму тоа бил условот на неговата баба за да дојде на „Олимпико“ и да го бодри.

 

22.09.2014 - 12:00


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега