Насилници од Тетово завршија зад решетки

 

Двајца тетовчани завршија зад решетки. Во првиот случај СВР Тетово поднесе кривична пријава против 28-годишниот Х.Р. кој се барал за убиство во обид. На 15.07.2014 пријавениот заедно со уште две лица го пресретнал 45-годишниот Ќ.Р. и го нападнале удирајќи го во пределот на главата.

 

 

Исто така, СВР Тетово поднесе кривична пријава против 23-годишниот тетовчанец М.М. поради убиство во обид. На 06.08.2014 година тој со нож го нападнал 20-годишниот У.А. и му нанел убодна рана по што избегал во непознат правец.  

22.09.2014 - 12:44


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега