ВИДЕО: Големо апсење на МВР - паднаа познати македонски дилери

Во текот на 2014 година од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Битола и СВР Скопје, во рамки на акцијата „Мрежа“, беше спроведено криминалистичко истражување, при што беа преземани континуирани мерки и активности за обезбедување на материјални докази против криминална група која се занимава со недозволена трговија со наркотична дрога.

Во врска со спроведеното криминалистичко истражување, беше реализиран случај на недозволена трговија со марихуана, при што од слобода се лишени четири лица, македонски државјани, а при извршените претреси на дом и лица, пронајдени и одземени се 9 полиетиленски пакувања исполнети со растителна материја, марихуана, со вкупна тежина од околу 9 кг, една полиетиленска кеса исполнета со мала количина на растителна материја, марихуана, една полиетиленска кеса и една хартиена паковка исполнети со мали количи од прашкаста материја,  пушка марка „Комета“ калибар 5,5мм и 16 куршуми калибар 5,5мм.

Од досега преземените мерки утврдено е дека Д.Н.(1961) и Ц.Г.(1969) со ПМВ марка Мерцедес со бугарски регистарски ознаки, од Скопје се упатиле кон Битола каде оствариле средба со лицето С.Љ.(1980), со цел да организираат набавка на наркотична дрога марихуана. По остварената средба сите заедно се упатиле кон локација каде ја набавиле неутврдената количина на растителна материја, најверојатно марихуана. По извршената набавка, С.Љ. се вратил во Битола, а лицата Д.Н.(1961) и Ц.Г.(1969) со горенаведеното ПМВ се упатиле кон Скопје со цел да ја транспортираат набавената растителна материја, најверојатно марихуана.

Од страна на полициски службеници на МВР, по претходно добиени оперативни сознанија, преземени се оперативно тактички мерки, при што, на наплатната рампа „Петровец“ во правецот на автопатот Велес – Скопје, сопрено е ПМВ марка Мерцедес со бугарски регистарски ознаки управувано од лицето Д.Н. и совозач лицето Ц.Г. заради вршење на преглед и претрес на ПМВ и лицата. При превземените полициски дејствија во багажниот простор на возилото управувано од лицето Д.Н. пронајдени се 9 полиетиленски пакувања исполнети со зелена растителна материја, спакувани во посебна вреќа за што по првичниот увид се претпоставува дека се работи за околу 9 кг. наркотична дрога-марихуана.

Нешто подоцна во ресторантот „Премиер“ во Битола лишено е од слобода и лицето С.Љ.(1980) од Битола, за кој постојат основани сомневања дека ги снабдил со растителната материја лицата што ја превезувале дрогата.

Вчера, во текот на ноќните и утринските часови, МВР продолжи со преземање на дополнителни мерки и активности во врска со случајот, при што извршени се пет претреси на дом кај пет лица и тоа кај две лица во Скопје и три лица во Битола, за кои постојат основи на сомнение дека се членови на криминална група инволвирани во НТ со марихуана.

При извршениот претрес на дом кај лицето С.Љ.(1980) од Битола пронајдено е 300 гр. растителна материја, најверојатно марихуана, додека при претресот во домот на лицето Ц.Г.(1969) од Скопје пронајдено е една полиетиленска кеса исполнета со мала количина на растителна материја, марихуана, една полиетиленска кеса и една хартиена паковка исполнета со мали количини прашкаста материја,  пушка марка „Комета“ калибар 5,5мм и 16 куршуми калибар 5,5мм.

Целокупната одземена растителна материја и прашкаста материја, пушка марка „Комета“ калибар 5,5мм и 16 куршуми калибар 5,5мм се предадени во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ заради понатамошно вештачење. Од извршеното криминалистичко вештачење на растителната материја во количина од околу 9 килограми наркотична дрога марихуана. За пронајдената растителна материја во количина од околу 300 грама,  полиетиленска кеса исполнета со мала количина на НН растителна материја, полиетиленска кеса и  хартиена паковка исполнета со мали количини од НН прашкаста материја,  пушка марка „Комета“ калибар 5,5мм и 16 куршуми калибар 5,5мм, вештачењето сеуште не е завршено.

Од страна на МВР на РМ поднесена е кривична пријава до Основен суд Скопје-1, Скопје за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” казниво по член 215 од КЗ на РМ против Д.Н.(1961) и Ц.Г.(1969) од Скопје и против лицата С.Љ.(1980) и Т.Љ.(1972) од Битола, сите членови на криминалната група. Од страна на судија во претходна постапка на лицата инволвирани во случајот со НТ со марихуана им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

 

22.09.2014 - 12:51


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега