Четири сообраќајки во еден ден на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје

Четири сообраќајни несреќи кои ги предизвикале кучиња-скитници се случиле вчера во периодот помеѓу 9 часот и 19 часот и 30 минути на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје. Во сообраќајките  учествувале четири патнички возила, две со гостиварски, едно со скопски и едно со кичевски таблици. За среќа повредени лица нема, усмртени се три кучиња, додека вкупната материјална штета се проценува на над 30 илјади денари. 

На автопатот што минува низ тетовското подрачје годинава се случиле вкупно 73 сообраќајни несреќи што ги предизвикале животни, во најголем број кучиња-скитници. Во овие несреќи досега не се посериозно повредени возачи или други сопатници од возилата. 
                    

22.09.2014 - 13:03


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега