Само осум дена притвор за силувач од Прилеп

Полициската станица  Прилеп поднесе кривична пријава против лицето К.К.(28) од Прилеп, заради постоење основано сомнение дека сторител на кривично дело „силување“.

Пријавениот во месец јуни нападнал дваесет и три годишно женско лице во Прилеп, а потоа се дал во бегство.

Лицето е лишено од слобода, а од страна на судија  на претходна постапка  при Основниот суд Прилеп е одредена мерка притвор во траење до 8 дена.

22.09.2014 - 20:58


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа