Вечерва тешка сообраќајка во Кавадарци - тројца во тешка состојба

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во центарот на Кавадарци. Мотор удрил во пешак кој поминувал по улица, а потоа удрил во паркирана „Лада нива“, јавува локаниот портал Дума.

Од ударот тешки повреди заработиле возачот на моторот, совозачот и пешакот. Сите тројца со возила на итната помош се пренесени на скопските клиники.

Портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска информира дека полицијата врши увид, а повеќе информации околу несреќата ќе бидат достапни утре

22.09.2014 - 21:44
Фото: 
Архива


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега