Инзаги не е засегнат од критиките на Берлускони

Филипо Инзаги тренерот на Милан изјави дека не го интересираат критиките од претседателот на клубот Силвио Берлускони искажани по поразот од Јувентус.

Нема да ги коментирам неговите зборови. Јас бев првиот кој сакав нему да му подарам победа.

Разговаравме по телефон, задоволен е од тоа што го направивме и ни даде поддршка, ја пренесуваат италијанските медиуми изјавата на Инзаги.

Берлускони ја критикуваше екипата после поразот во саботата од Јувентус на „Сан Сиро“ во Милано со 1:0 во дербито од 3.коло на Серија А.

Инзаги преку медиумите побара од неговите играчи да не се опседнуваат со напишаното за нив и да се фокусираат кон следниот натпревар против Емполи.

23.09.2014 - 09:27


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега