iPhone 6 пристинга на Балканот - од цената ќе ве заболи глава

Од петокот iPhone 6 може да се купи во Хрватска. По продадени над 10 милиони парчиња низ светот, новото доситгнување на Apple дојде и на Балканот.
Иако во САД се продаваше по цена од 649 долари, во Хрватска, продавачите решиле добро да заработат.
За моделот со меморија од 16 GB во Хрватска треба да платите 8499 куни или нешто над 1100 евра, а за моделот со меморија од 64 GB ќе ви требаат околу 1230 евра.

Сепак официјалните оператори во земјата се уште не го нудат овој телефон, а се очекува цената кај нив да биде пониска. Нема најава кога ќе може iPhone 6 да се купи во Македонија.

23.09.2014 - 11:51


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега