Серена Вилијамс го предаде мечот поради главоболки

Серена Вилијамс надобрата светска тенисерка го предаде мечот на турнирот во Вухан (Кина) поради главоболки.

Таа во дуелот со Француската тенисерка Ализа Корна водеше со 6:5 во првиот сет, но поради здравствените проблеми го предаде мечот.

Нешто слично на Вилијамс и се случи и на Вимблдон во игра на двојки.

Серена Вилијамс делуваше дезориентирано во текот на мечот и имаше забавени движења.

Својот меч од второто коло го предаде и српската тенисерка Јелена Јанковиќ.

При водство на Американката Коко Вандевеге од 4:1 во првиот сет, Јанковиќ го предаде дуелот, а причината не е позната.

Од фаворитките пласман во следната рунда избори Каролине Вознијацки (Данска), која ја совлада шпанската тенисерка Суарез Наваро, додека порази претрпеа Сабине Лисицки (Германија) и Симона Халеп (Романија).

 

 

 

 

 

23.09.2014 - 13:11


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега