Фернандо Сантос е новиот селектор на Португалија

Нов предводник на португалската фудбалска репрезентација е Фернандо Сантос, соопшти назионалниот сојуз.

Новиот португалски селектор на јавноста ќе и биде претставен попладне во Лисабон на првата прес-конференција.

На местот на  Пауло Бенто кој поднесе оставка по поразот на стартот на евро-квалификациите од Албанија со 1:0, доаѓа Сантос.

Новиот селектор на „Европските Бразилци“ претходно ста функција извршуваше во Грција, а како тренер работел во екипите на Есторил, Естрела, Амадора, АЕК, Порто, Панатинаикос, Спортинг Лисабон, Бенфика и ПАОК.

 

 

23.09.2014 - 14:49


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега