Многу забава и добро вино - ќе се забавуваме на „Вино Скоп"
Над 40 врвни вина, вкусна храна и добра музика ќе бидат дел од осмиот Вино-Скоп што ќе почне вечерва и ќе трае до недела на плоштадот Карпошово востание во Скопје.
Организаторите најавија богата музичка програма со настапи на Хроматик поинт, битолчаните Фолтин, Тоа е тоа - бенд составен од музички имиња од легендарните Конкорд, Лева Патика, Цилиндар, Митан проект со Андријана Јаневска, Калевала, Чалгии, Браќата Тавитијан и проектот „Македонското срце чука во 7/8“, Дани Димитровска, младиот и перспективен рок бенд од Тетово ХХЛ, мајсторот на ноќните свирки Бени Шакири и Нон Стоп, Дарио, ска панк бендот Офчестра од Приштина, Само Тони и Две Жени - лудо кабаре шоу - кавер и комедија, Миле Кузмановски,...
Публиката ќе може да ужива и во изведбата на двојните победници на Гуча, Србија - Уска Кан оркестра, прогласени за најдобар меѓународен оркестар за 2014, Маријан Мониќ - млада ѕвезда од хрватската естрада во придружба на гитаристот Кристијан Ковач, Куку Леле, Бета Хаус, Благица Павловска, актерот Тони Михајловски и Скандал састаф, како и ди-џеј Тина со тематски целодневни забави.
Целта е да се промовира македонското вино и традицијата на производство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа