Роналдо ја донесе победата на Реал со четири гола

Екипата на Реал Мадрид оствари победа од 5:1 над Елче во првиот натпревар од 5.коло на Примера одигран синоќа, а стрелец на четири голови беше Кристијано Роналдо од кои два со удар од 11 метри.

Серијата голови ја почнаа гостите откако Еду Албакар во 15.минута реализираше пенал за водство на Елче. На 1:1 во 20.минута изедначи Герет Бејл, а потоа следуваа головите на Роналдо во 28.(пенал), 32., 80.(пенал) и 90+2. минута.

За „кралскиот клуб“ ова беше третата победа во првенството, а на последните два натпревара во Примера постигнаа 13 голови.

На вториот натпревар одигран синоќа Селта - Депортиво Ла Коруња 2:1.

Вечерва се играат натпреварите: Алмерија - Атлетико Мадрид, Еибар - Виљареал, Рајо Ваљекано - Атлетик Билбао, Гранада - Леванте, Малага - Барселона и Севиља - Реал Сосиедад.

Утре на програмата се последните две средби од овој круг: Еспањол - Хетафе и Валенсија - Кородоба.

Табела: Барселона 12 бода, Валенсија 10, Севиља 10, Реал Мадрид 9, Селта 9,... 

 

 

24.09.2014 - 09:06


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега