Олимпик Марсеј со убедлива победа од 5:0 на гостување кај Ремс

Екипата на Олимпик Марсеј оствари убедлива победа од 5:0 на гостувањето кај Ремс во еден од првите два натпревара од 7.коло од француската Лига 1. Ова за тимот од Марсеј е петта победа во серија и се зацврсти на чело на табелата.

И на вториот дуел одигран вчеравечер победија гостите, Рен  Тулуз 0:3.

Вечерва се играат натпреварите: Бастија - Нант, Евиан - Ленс, Генгамп - Мец, Олимпик Лион - Лориен, Монпеље - Монако, Ница - Лил и Каен - ПСЖ.

Дербито на колото меѓу третопласираниот Сент Етиен и вториот Бордо се игра во четврток вечер.

Табела: Олимпик Марсеј 16 бодови, Бордо 13, Сент Етиен 13, Лил 12, ПСЖ 10, Монпеље 10, Тулуз 10, Нант 10,... 

 

 

 

 

24.09.2014 - 10:05


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега