„Паднаа“ познати скопски дилери на хероин

СВР Скопје- реализираше два случаи на недозволена трговија со наркотична дрога-хероин, при што се предадени 42-годишниот М.Ш. и 45-годишниот С.С. инаку познати улични дилери од Скопје.

М.Ш. до сега е двапати кривично пријавуван, додека С.С. еднаш, а во периодот од јули наваму набавиле поголема количина на хероин, која во зависнот од побарувачката ја препакувале во помали количини и ја препродавале на уживатели од Скопје. Скопјаните биле фатени во две одделни акции во непосредна близина од домовите. 

Постапувајќи по добиените сознанија и обезбедените материјални докази, Единицата за недозволена трговија со Наредба од Судија на претходна постапка, изврши претрес во домот и други простории на пријавените при што кај М.Ш. е пронајдена и одземена една поголема полиетиленска паковка со хероин,  додека кај С.С. се пронајдени и одземени 27 помали полиетиленски паковки со хероин и коакин.

И  двајцата по приведувањето не дале појаснување за дрогата и за тоа како ја набавиле.

24.09.2014 - 12:35


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега