Полицијата упадна во куќа во Желино - еве што откри

По полноќ  во селото Желино во тетовско извршен е претрес во куќата на 77-годишниот Ќ.Н. каде се пронајдени  17 албански државјани на возраст од 19 до 53 години, кои тука престојувале. Според податоците од полицијата шеснаесет од нив поседувале лични документи, а еден бил без документи. Сите оствариле легален влез во Македонија, но непријавено престојувале и работеле на подрачјето.

Се расветлуваат сите поединости поврзани со нивниот престој на подрачјето, по што ќе се соочат со законски предвидените санкции и ќе бидат депортирани во нивната матична земја.

24.09.2014 - 14:02


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега